Домашен сладолед од банани

Направете домашен сладолед од банани и освежете се во овие топли денови.

Потребни состојки:

4 банани

400мл млеко

200мл слатка павлака

5мл есенција од ванила

100-200гр шеќер

Начин на подготовка:

Испасирајте ги бананите како за пире, а потоа додадете го во нив млекото, слатката павлака, шеќерот и ванилата. Измешајте ги добро до добивање на хомогена смеса.

Доколку имате машина за сладолед ставете ја смесата во неа 30 минути. Ако немате таква, ставете ја смесата во кутија и ставете ја во замрзнувач околу 30-40 минути, а потоа извадете и измешајте ја повторно.

Вратете ја смесата во замрзнувачот ,додека не почне да се замрзнува. Тогаш повторно извадетеја и измешајте ја добро.

Последниот чекор е да го вратите домашниот банана сладолед во фрижидер да се замрзне добро неколку часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e