Зголемените маснотии можат да се забележат наслаги од масно ткиво со жолта боја во облик на плочки на горните очни капаци или некои други делови од телото.
Како што напредува болеста, доаѓа до здебелување на ѕидовите на крвите садови, астеросклерозата, на што допринесуваат и други ризик фактори, а последиците од сето тоа за жал најчесто се кардиоваскуларни болести кои се едни од најголемите причинители за смртност во светот.
Доколку имате зголемена маснотија во крвта, може да пробате природен лек за кој се верува дека ја регулира истата.
Направете го следниов рецепт за да ја регулирате маснотијата во крвта.
Потребни состојки:
– суви смокви
– јаболков оцет
Начин на подготовка:
Лекот правете го навечер, а пијте го наутро. Земете три суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалки на сите страни, а потоа ставете ги во стаклен сад со 2дл. оцет.
Нека отстои преку ноќ и наутро изедете ги тие три закиселени смокви. Остатокот од оцетот не го фрлајте, во истиот наредната ноќ ставете смокви кои ќе ги подготвите на ист начин.
Тие 2дл. оцет користете ги 7 дена, повеќето смокви ќе го впијат. Осмиот ден земете нов оцет и повторете ја постапката уште една недела. Се препорачува смокви да се јадат само две недели.