Брз и ефикасен лек со мед и ракија против настинката

Греената ракија со мед е одлична комбинација која уште многу одамна се користи при настинки.

Ракијата особено станува лековита доколку се комбинира со мед.

Овој напиток најмногу е полезен во студените денови од годината, кога владее и сезоната на грипот.

Напитокот делува релаксирачки врз организмот, но мора да се внимава да не се предозира, бидејќи поголеми количини може да влијаат многу штетно и опасно по здравјето на организмот.

Потребни состојки:

1 лажица мед или шеќер
200 мл ракија
100 мл вода
малку црн пипер

Постапка:

Во гезве ставете го медот или шеќер, па на оган да се растопи и карамелизира. Промешајте.

Додадете ја ракијата, а потоа разблажете со вода по желба, а ако ја сакате силна ракијата, не мора да додавате вода. Оставете да зоврие.

Сервирајте во чашички, додадете црн пипер, промешајте и полека пијте.

Ако за два дена не ви помуваат симптомите на настинката, најдобро е да се јавите кај вашиот лекар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e