Брз, едноставен и млечен сладолед со одличен вкус

Направете го овој сладолед за кој веруваме дека ќе бидете воодушевени од едноставната постапка за приготвување, но и од предобриот вкус.

Потребни состојки:

250 г шлаг
500 мл млеко
500 мл јогурт
150 г шеќер
50 г чоколадо за готвење
2-3 лажици слатка павлака
малку малини
малку плазма кекси

ЗА 4 КГ СЛАДОЛЕД:

500 г шлаг
1 литар млеко
1 литар јогурт
300 г шеќер

По желба додадете чоколадо, малини, јагоди, банани, бисквити, карамел…

Постапка:

Најпрво во еден подлабок сад изматете 250 г шлаг со 500 мл млеко. Кога ќе добиете шлаг тргнете го садот на страна.

Во друг сад изматете 500 мл јогурт со 150 г шеќер, додека шеќерот да се растопи. Потоа постепено овој јогурт додадете го во изматениот шлаг и матете постојано за да се соединат.

Малку малини со шеќер ставете на оган да зовријат. Во друг сад растопете 50 г чоколадо со малку слатка павлака.

Добиениот шлаг поделете го на два или три дела: Во првиот дел додадете го чоколадото и изматете за да се соедини, во вториот малините, во третиот мелените бисквити или некоја друга арома по ваш вкус.

Вака приготвениот крем претурете го во пластични садови и ставете ги во длабоко замрзнување да се стегнат 2-3 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e