Босилек – помага при воспалено грло

Освен што е одличен додаток во многу јадења, босилекот е многу корисен и лековит зачин. Во продолжение прочитајте неколку причини зошто треба да го консумирате редовно.

Стручњаците препорачуваат да џвакате барем 12 листови босилек дневно бидејќи витамините и антиоксидантите го намалуваат стресот.

Освен тоа, босилекот може да ви помогне ако имате воспалено грло. Оставете го во чаша со млака вода да отстои неколку часа.

Доколку сте настинати, промешајте ги листовите со босилек со ѓумбир и мед. Ова помага во лечење на респираторни болести како грип, настинка, бронхитис. Освен тоа, листовите од босилек во комбинација со чај помагаат за намалување на висока телесна температура.

Со консумирање на напивка од босилек го чувате здравјето на срцето и се намалува ризикот од инфаркт. Освен тоа, се зајакнуваат бубрезите и ризикот од појава на бубрежен камен.

За оние кои страдаат од проблеми со непцата, лош здив и лесно расипливи заби, босилекот е одличен сојузник во одржувањето на оралното здравје. Антибактериските и антибиотски својства на босилекот помагаат за спречување на различни орални болести.

Доколку сакате да се откажете од пушењето – џвакајте листови од босилек. Овој зачин може да ви помогне и во лечење на рак. Особено е корисен и во лечење на на белите дробови.

Исто така, содржи витамин А кој има позитивно влијание на здравјето на очите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e