Ако чувствувате неподнослив замор кој ви го уништува денот, оваа статија е за вас!

Овој витамин служи за создавање на црвени крвни клетки, а игра многу важна улога и при развојот на нервниот систем, но исто така има влијание на нашата ДНК.

Како што стареете, вашето тело се потешко апсорбира витамин Б12 од храната која ја внесуваме секојдневно, а најзасегнати се вегетаријанците и веганите.

Вашиот метаболизам не може нормално да функционира без него.

Oва се симптомите кои не смеете да ги занемарите:

1. Тешко ви е да останете будни

„Екстремниот замор е еден од првите симптоми кој покажува недостаток на витамин Б12“, тврди доктор Лиза Симперман, која е портпарол на Академијата за исхрана и дијадетика. Тоа е така бидејќи вашето тело се поткрепува на витамините со чија помош работат црвените клетки кои имаат функција да разнесуваат киселнини во вашите органи додава доктор Симперман. Доколку сте спиеле осум саати во текот на ноќта и сеуште имате проблем да останете будни во текот на денот, побарајте совет од доктор.

2. Чувствувате неподнослив замор

Ако сте постојано уморни, постојат големи шанси дека ви недостасува овој витамин. Проблемот е што овој симптом може да е предизвикан и од други причини, како што е стресот и недостаток на сон.

3. Заборавате многу важни работи

Ова не се однесува на ситници како што е е губење на клуч, но доколку заборавите како ви се вика роднината и ви е потребно време за да се сетите тогаш станува збор за недостаток на Б12.

4. Вашето тело ви трне

Се почестите трнења во рацете и нозете е уште еден знак дека треба да посетите доктор.

5. Бледи сте и имате вртоглавици

А, секојдневните вртоглавици оставаат простор за загриженост, во овој случај не се двоумете може станува збор за нешто повеќе, од само недостаток на овој витамин.

6. Јазикот ви е светло црвен

„Речиси половина од луѓето кај кои е дијагностиран недостаток на витамин Б12 ги губат папилите тоа се мали бели испакнатини на јазикот кои се одговорни за вкус. За луѓето со недостаток на витамин Б12 и омиленате храна им нема вкус“, вели Симперман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e