5 намирници кои исфрлаат чист отров доколку ги подгревате

Многу често се случува да ви остане јадење од вчерашниот ручек или вечера. Можеби некој не дошол на вечера или пак сте го прецениле вашиот апетит. Родителите отсекогаш не учеле никогаш да не фрламе храна, а понекогаш сакаме и малку од вкусниот оброк да ни остане за утре. Сепак, треба да знаете дека не смеете сите намирници да ги чувате во фрижидер и да ги подгревате во микробранова или на ринглата од шпоретот, бидејќи можат да станат токсични. Во продолжение ви претставуваме 5 намирници кои по никоја цена не смеете да ги подгревате.

  1. Ориз

Подгреаниот ориз лесно може да ве отруе. Ако го чувате на собна температура  во него многу бргу се развиваат отровни бактерии. За да избегнете повраќање или дијареја, зготвениот ориз чувајте го во фрижидер во затворен сад. На тој начин ќе остане безбеден за употреба доколку веднаш го загреете и го изедете.

  1. Кромид, целер и цвекло

Овие намирници многу често може да ги сретнеме во супи и во чорби. Сепак, ако ги подгревате можат да испуштат одредени токсини. Причина за грижа се нитратите кои ги содржат овие намирници. Посебно е опасно доколку ги подгревате повеќе пати. Затоа најдобро би било да ја загреете само онаа количина која сигурно ќе ја изедете.

  1. Јајца

Без разлика дали се варени, пржени или печени јајцата никако не смеете да ги подгревате. Бидејќи се богати со протеини, подгревањето може да ја измени нивната структура и да предизвика проблеми во дигестивниот тракт.

  1. Пилешко

Исто како и јајцата, и пилешкото месо содржи многу протеини. Доколку го подгревате може да се случи да добиете болки во стомакот, дијареја или повраќање. Ако навистина сакате да ги изедете остатоците, обидете се да ги загреете доволно долго за да и внатрешноста на месото биде топла. Сепак, побезбедно би било да го изедете пилешкото ладно, во некоја салата или сендвич.

  1. Печурки

Протеините во печурките ја менуваат својата структура кога повторно ќе ги загреете и можат да станат многу опасни. Исто така не е препорачливо да ги чувате печурките на собна температура, бидејќи можат да испуштат токсини доколку не ги чувате на суво и ладно место. Најдобро е печурките да ги конзумирате веднаш по подготовката и да не ги чувате подолго од еден ден во фрижидерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e