(Видео) Првите снимки од новиот „Спајдермен“

Спајдермен – враќање дома“, одамна се снима, но веќе се знае како ќе изгледа новиот човек – пајак.

Најновата верзија, во која овојпат глуми Том Холанд, многумина ги остави скептични, бидејќи и актерот и режисерот се неискусни. Но, видео снимките уверуваат дека место за скептицизам нема.

Процесот на снимање на „Спајдермен- враќање дома“ одамна е започнат и за да ги увери љубопитните дека филмските сетови се реализираат според планот, самиот режисер Џон Ватс објави куси спотови на кои е прикажан главниот актер Холанд на зелен дисплеј, а друштво му прави „морничава сенка“, како што тврди режисерот.

Том Холанд , од своја страна, на социјалните мрежи сподели импресивен потег во манирот на Спајдермен. Се очекува филмот да дојде во кино салите во јули наредната година.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e