Како во цивилизацијата се справуваат со поплавите

Поплавите се актуелна тема овој месец во Македонија. Инспирирани од трагичниот настан што ги снајде неколку скопски места, објавуваме едно видео од едно мало градче во Австрија за тоа како тие се справуваат со поплавите. Очигледно тие имат поразлична стратегија од нас.

Изгледа дека ние сакаме секоја година да санираме штети од милиони и милиони евра, да ги пребројуваме мртвите, да праќаме помош и слично, додека тие вложуваат еднаш и се на мира подолго време.

Поучени од нашето искуство што го собираме со години,секоја Пролет и Есен, со излевањето на многу реки од коритата, можеби треба да размислиме за нешто вакво барем во поризичните места, да се водиме по принципот “Подобро да се спречи отколку да се лечи” и нависитина да мислиме за доброто на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e