10-те најчести грешки од вашето CV

Верувале или не,оние кои го гледаат вашето CV за запослување трошат најмногу до 6 секунди,и тоа им е доволно за иницијална селекција на кандидатите.

За некој да се запосли на некоја работна позиција,одделението за човечки ресурси во просек прима околу 75 CV-ја.Тоа значи дека нема доволно време и ресурси за секое од нив детално да го прегледа.

Ако сакате да добиете работа ,морате да се потрудите да вашето CV изгледа подобро од тоа на другите и да ги истакнете сите ваши предности,но и да ги замаскирате вашите недостатоци.

Ова се десетте најчести грешки кога се пишува едно CV:

1.Поранешно работно искуство кое нема никаква врска со работата за која аплицирате.

2.Лични детали како брачен статус,религиско определување или број на сметка во банка..

3.Вашето хоби, бидејки на работодавачите многу и не им е гајле за тоа што вие правите во слободно време.

4.Користење на стари формати за пишување на вашето CV

5.Не го пишувајте вашето CV во прво или трето лице.На сите им е јасно дека за вас се работи.

6.Непрофесионална е-маил адреса како на пример [email protected]. Направете е- маил кој ќе го содржи целото ваше име и презиме и користе Google или Yahoo сервери.

7.Застарени фонтови како ‘Times New Roman’ или ‘Serif’

8.Причини заради кои сте ја напуштиле предходната работа

9.Лична фотографија

10.Наведување на работни позиции кои сте ги работеле пред 15 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e