Жителите на Венеција за поплавите: Ова е за плачење

Прекрасниот италијански град Венеција го погоди катастрофални поплави. Водата е на рекорден максимум, а успеа да влезе и во популарните туристички места. Базиликата Свети Марко е поплавена по шести пат во претходните 1.200 години, а во овој град прогласена е вонредна состојба.

За жителите на Венеција ова е страшна глетка и тешко да можат да минат на улиците, а да не им се наполнат очите со солзи.

„Ова е за плачење. Се плашам дека нема решение. Кога на денот на поплавите излегов на улица беше како на погреб“, изјави 77-годишната Флавија Фелети, жителка на Венеција.

„Ова е град полн со историја. Историја која малку по малку ќе заврши како Атлантида. Луѓето се уништени, вознемирени и тажни. Гледаат град кој исчезнува“, вели Владимиро Кавагнис, возач на гондола.

Иако за посета на овој град оваа недела било потребно да се оди по поставени даски, тоа не ги спречило туристите да „уживаат“ во Италија и да прават се разбира по некое селфи.
Поедини туристи ја искористија шансата на овој начин да направат спомен од „градот кој тоне“.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e