За справување со климатските промени требаат лидерство и здрав разум, смета Блумберг

Успехот во справувањето со климатските промени не бара чудо, туку лидерство, рече Мајкл Блумберг на конференцијата на ОН за климатски промени COP25 во Мадрид.
 
Милијардерот, кој неодамна се приклучи на кампањата за претседателски избори во 2020 година, присуствуваше на конференцијата за да ги увери Американците дека остануваат посветени на борбата против глобалното затоплување и покрај најавата на претседателот Трамп за повлекување од Парискиот договор за климата.

„Следниот американски претседател треба да стави крај на сите субвенции за компаниите од секторот на фосилни извори на енергија и нивното извлекување. Ова вклучува даночни олеснувања и други специјални режими“, рече Блумберг.
 
„Претседателот мора да ги инвестира овие фондови во обновливи извори на енергија, што ќе создаде многу нови работни места“, додаде тој во говорот за финансирање на транзицијата на климатските промени организиран од шпанската влада.
 
„Накратко, за справување со климатските промени, нема да биде потребно чудо, ќе бидат потребни неограничени ресурси. Ќе биде потребно лидерство и здрав разум. Сепак, точно е дека американската влада покажува значителен дефицит на здравиот разум“, иронично рече Блумберг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e