За првпат украински претседател се појави на насловната на „Тајм“

Најновото издание на неделникот „Тајм“ денеска излезе со фотографија на украинскиот претседател Володомир Зеленски на насловна страница именувана „Човек во средината“. Ова е првпат украински претседател да се најде на насловната страница на влијателното американско гласило.

Сторијата за Зеленски е насловена „Како претседателот на Украина се справува со својата улога во најголемата светска политичка драма“.

Во неа се вели дека тој се најде во средина меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин. Авторите укажуваат дека демократите во САД го сметаат Зеленски за жртва на проневерите на Трамп, додека републиканците сметаат дека тој е клучен сведок за докажување на невиноста на американскиот претседател.

Весникот, кон крајот на статијата го цитира Зеленски кој вели дека нема доверба во никого.

И Трамп и Путин неколку пати досега се имаат појавено на насловната на „Тајм“.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e