За една недела албанската полиција уништила 120.000 стебла марихуана

Албанската полиција, само во текот на изминатата недела, уништила 120 илјади стебла марихуана, засадени на 140 парцели низ целата територија на земјата.

 Најголемата количина уништени стебла марихуана е во подрачјето на Дукаѓини, каде само во еден ден се уништени 25 илјади стебла и каде е уапсен и првиот човек на административнат единица на Пулт, во чиј дом полицијата открила и запленила поголема количина од ова наркотично растеније.

Во атарот на Почем, покрај клисурата на реката Вјоса полицијата открила до сега најголема фарма, каде се уништени над 40 илјади стебла марихуана, која се наводнувала со софистициран систем.

– Во изминатите осум месеци од годинава, посебно во летниот период, уништени се околу 1,6 милиони стебла марихуана и уапсени се 140 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e