Вучиќ: За три години ќе има летечко такси во Белград

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во последните два дена двапати најави дека Белград ќе има летечко такси во 2027 година.

„Кинезите во моментов се единствените во светот способни за она што е нашата цел, а тоа е Експо 2027. И тоа ќе биде една од темите, без разлика колку и да ви се чини чудно. Ќе дадеме се од себе за да бидеме први или втори во Европа што ќе воведат летечки такси до 2027 година“, изјави денеска Вучиќ.

Вучиќ пред два дена најави летечки автомобили како гостин на телевизискиот канал -таблоид Информер.

Таму рече дека многумина му се смеат кога ги спомнува летечките автомобили и повтори дека доколку во меѓувреме нема поголеми безбедносни проблеми, Србија до 2027 година ќе има летечко такси за ЕКСПО.

“Ќе имаме летечко такси за ЕКСПО, за да покажеме како изгледа. Работиме со две компании, едната е француска, едната е веројатно австриска или германска. А работиме и со Кинезите, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e