Вучиќ во прегратка со Орбан

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Белград изјави дека со искрените партнери и пријатели се е можно.

„Средба со мојот пријател Виктор Орбан и ретки опуштени моменти пред да почнеме да се занимаваме со сериозни прашања од интерес за Србија и Унгарија. Со искрени партнери и пријатели – сè е можно и секој план е остварлив, а проектите на кои работиме најдобро ќе покажат дека ништо не може да го запре брзиот раст на двете земји“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“.

Тој објави фотографии од средбата, а на гостинот од Унгарија му порача: „Добредојдовте кај нас, драг Виктор Орбан!

Во Палиќ утре ќе се одржи првата седница на стратешкиот совет за соработка меѓу Србија и Унгарија, а ќе и претходи средба на српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ со унгарскиот претседател Каталин Новак и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Како што соопштија од Службата за соработка со медиуми на претседателот на Републиката, по седницата ќе следи потпишување на билатерални документи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e