Вучиќ: Сите се вооружуваат до заби и ние не смееме да заостануваме

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека сите во светот и во регионот „се вооружуваат до заби“ и дека Србија не смее да заостанува во овој поглед.

„Сите се вооружуваат до заби. Се вооружуваат и во регионот и наше е да не заостанеме. Сè што можам да ви кажам е дека не заостануваме“, рече Вучиќ при посетата на Руската куќа во Белград.

Тој додаде дека јавноста наскоро ќе може да се увери во тоа и самата, пренесува Бета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e