Вучиќ: Подготвени сме да создаваме иднина со косовските Албанци

Подготвени сме да ги продолжиме разговорите со косовските Албанци и да создаваме заедничка иднина, порача синоќа српскиот премиер Александар Вучиќ пред Генералното собрание на ОН.

– Се трудиме да го задржиме темпото на разговорите со Албанците на Косово, бидејќи мора да живееме заедно и да создаваме заедничка иднина, истакна Вучиќ.

Како што јави Танјуг, тој нагласи дека разговорите се водат под покровителство на ЕУ, а Белград е подготвен да ги продолжи и да ги информира ОН за случувањата.

Српскиот премиер им се заблагодари и на сите земји кои го почитувале меѓународното право и не го поддржале едностраното прогласување независност на Косово.

Вучиќ изрази надеж дека ситуацијата на Косово нема да биде извор на нестабилност во иднина.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e