Вучиќ: Не чекаат многу маки на Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува многу маки и проблеми на Косово и Метохија, но дека ќе направи „се што може за да го зачува мирот“, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на прославата на Видовдан организирана од Српската напредна партија (СНС) во хотел Југославија, рече дека можеби некои мислат дека залагањето за компромис е „резултат на слабост“, но дека тоа всушност е израз на нечија сила.

-Не знам како ќе оди се со Косово, ќе се обидат да ни ја скршат и уништат државата одвнатре, рече Вучиќ и додаде дека никој не сака мала земја „да носи одлуки кои не се во интерес на големите сили“.

Тој потсети дека СНС, на чие чело беше до мај, е основана за да донесе промени во Србија и дека направила „повеќе од сите други“ на тоа поле.

Вучиќ најави дека Движењето за народ и држава, кое ќе се основа, ќе претставува политичка сила која ќе се залага за економски развој, зголемување на платите и силна Србија.

-Слобода е заедничко име и на движењето што ќе се основа и СНС, рече Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e