Вучиќ до Курти: Си се замислил дека си голема ѕвезда, а пола свет не те познава

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес пред новинарите во Минхен изјави дека во разговорот со Албин Курти ги бранел интересите на Србија и на српскиот народ на најдобар можен начин.

– Бев остар. Се борев за интересите на Србија и на српскиот народ, тоа е моја работа. Јас ја зборував вистината и затоа сум горд – изјави Вучиќ за РТС.

Во германскиот град Минхен започна конференцијата за Безбедност, на која учествуваат лидерите на повеќе од 40 држави на светот, лидери на многу институции, министри и експерти.

-Си се замислил дека си голема ѕвезда, а пола свет не те познава, вели Вучиќ

Во рамките на оваа конференција, посебен панел дискусија има и за Западен Балкан.

Ова е првпат новиот премиер на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ да седнат заедно на еден панел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e