Војник во Германија уби четири лица, меѓу кои и едно дете

Германски војник на Бундесверот е осомничен дека убил четири лица во областа Ротенбург во Долна Саксонија пред да се предаде, соопштија денеска полицијата и обвинителството. Меѓу убиените, чии тела беа пронајдени претходно во текот на денот, има и едно дете. Убиствата се извршени на две локации – во куќа во Вестервезеде во општината Шезел и во Ботел во областа Ротенбург. Според полициските извештаи, во нападот биле убиени поранешната девојка на осомничениот, нејзиното дете, партнерот на девојката и неговата мајка.
Полицијата соопшти дека приватен проблем „не може да се исклучи“ како мотив за злосторството. Полицијата во неговиот автомобил пронашла и молотов коктел, како и оружје и муниција. Осомничениот сторител се предал по нападот синоќа и бил уапсен, соопштија истражителите. Во истрагата биле ангажирани голем број полицајци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e