Во Врање по грешка го замениле починатиот: „Кога го отворив ковчегот, видов дека не е мојот татко“

Пред околу една недела во Здравствениот дом од Врање беа заменети телата на две починати лица. Тој ден во мртовечницата имало две тела. Додека роднините ги средувале документите излегле од погребалното за да го земат телото на починатиот од Владичин Хан. Ќерката за српските медиуми вели дека главна причина за замена на починатите е тоа што телата не биле обележани, поради грешка на вработените.

„Ние сметавме дека знаат кој е кој врз основа на личните податоци кои се внесуваат во секоја болница кога се прима пациент, па ги извршивме административните процедури, а тие го земаа трупот од погребалното. Кога стигнавме и го отворивме ковчегот, дури тогаш сфативме дека ние наместо татко ми сме презеле тело на друг маж“, вели ќерката на починатиот.

Како што додава, покрај сето она што го доживеале, морале да се вратат назад и да ги поправаат туѓите грешки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e