Во Сплит почна масовно пишување казни за пиење алкохол на јавно место

Во Спит во иднина почесто ќе се пишуваат казни за пиење алкохол на јавно место. Со ова сплитските власти се надеваат дека ќе стават крај на младите туристи кои често видно алкохолизирани навечер го нарушуваат јавниот ред и мир.

Заменик-градоначалникот на Сплит, Бојан Ивошевиќ, соопшти дека вчера биле напишани првите 13 пријави.

„Уште пред ангажманот на обезбедувањето, комуналната полиција на град Сплит почна да ја спроведува Одлуката за јавен ред и мир. Вчера беа изречени првите 13 казни за консумирање алкохол во стариот центар на градот. Износот на казната е 300 евра (150 евра доколку се плати во рок од три дена)“, пишува Ивошевиќ.

Интересно, пред нешто повеќе од еден месец Ивошевиќ објави фотографија од ѕид во Сплит. Таму е во друштво на луѓе кои пијат пиво. Тогаш некои го прозиваа Ивошевиќ за двојни аршини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e