Во Словенија падна балканска мафијашка банда, работеле и во Македонија

Словенечката полиција уапсила 21 лице во акција која медиумите ја опишуваат како најголема операција против мафијата во таа земја.

Во акцијата биле запленети 160 килограми кокаин и 130 килограми марихуана, додека полицајците трагаат уште по осомничениот Шипрон Хоџај.

Словенечкото истражно биро соопшти дека дваесет и едно лице биле уапсени поради околу 400 кривични дела извршени во Словенија, Бугарија, БиХ, Србија, Македонија и на Косово.

Шефот на полицијата во Копар Томас Пешоља изјави дека во акцијата значителна помош имале и од Европол.

Групата е осомничена за фалсификување пари во Бугарија, каде била откриена печатница за фалсификувани банкноти, подоцна дистрибуирани низ Европа, а и за шверц на најмалку 50 лица на територијата на Словенија.

Акцијата на словенечката полиција била истовремено спроведена во Копар, Изола и Пиран.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e