Во поплавите во Венеција оштетена византиската базилика Санта Марија Асунта

Една од најстарите цркви на Венеција, византиската базилика Санта Марија Асунта, основана во 639 година, е една од 60-те цркви кои се оштетени во поплавите што го зафатија градот.

Портпаролот на Венецијанската патријаршија денеска изјави дека античката базилика минатата недела била поплавена три пати, а солената вода влегла во мозаичните подови и мермерните столбови.

Алесандро Полет рече дека црквата Санта Марија Асунта е исчистена со слатка вода, но ќе треба извесно време да се процени степенот на штетата, бидејќи солта е особено корозивна супстанца.

Поради локацијата на црквата во лагуната, на водата и требало подолго време за да се повлече отколку од историскиот центар на Венеција.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ