(ВИДЕО) Војник уби 20 лица во Тајланд

Војник уби 20 луѓе и рани многу повеќе во напад со пиштол во тајландскиот град Накхон Ратчасима, на 250 километри од Бангкок.

Јакрафант Тома, помлад офицер, го убил својот командант и украл оружје од воен камп, изјави портпаролот на одбраната.

Осомничениот потоа се возел до центарот на градот и влегол во трговски комплекс, каде што се верува дека се прикрил.

Осомничениот, чии мотиви остануваат нејасни, објави слики од својот напад на социјалните мрежи.

Властите го затворија трговскиот центар додека се обидуваат да го пронајдат осомничениот.

Во зградата влегле и војска и полиција и има информации за интензивни истрели од огнено оружје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e