На денешната прес-конференција на Еди Рама му беше поставено прашање кое не му се допадна, па ја оттурна новинарката.
Според локалните медиуми, Рама ја турнал репортерката на ТВ СИРИ откако таа му поставила прашање.
Новинарката наводно го прашала Рама: „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, а становите на приватни инвеститори се продаваат во сегашното пристаниште Драч“.
После тоа дошло до физички контакт, а се се случило додека бил опкружен со новинарски екипи. Целиот инцидент е снимен на камера.
-Те молам, не ме допирај повеќе – рече новинарката, додека Рама си замина по инцидентот.
Албанската телевизија Сири објави дека премиерот на Албанија Еди Рама ја турнал нивната новинарка Амброзија Мета која му поставила прашање.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024
Некои албански медиуми објавија дека Рама сакал да го допре лицето на новинарката, но таа се оддалечила.
На инцидентот реагираше и Здружението на албански новинари, кое соопшти дека Рама го нарушил физичкиот интегритет на новинарката.
„Здружението на албанските новинари изразува солидарност со нашиот колега“, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук.