Ирак денеска прогласи период на национална жалост за жртвите од пожарот на свадбена веселба, во кој загинаа најмалку 114 лица, пренесе ДПА.
Ирачките државни медиуми објавија дека за време на свадба во градот Ал Хамданија во северната ирачка провинција Ниневија избувнал пожар во кој има многу жртви и повредени.
Локалните извори посочуваат дека бројот на жртви може да биде поголем, а меѓу нив се и младоженецот Реван и невестата Ханин.
Како што соопшти локалната полиција пожарот избувнал синоќа и ја зафатил големата сала во која се одржувала церемонијата, веднаш по огнометот.
Iraq- At least 100 people have died and 150 others injured after a fire broke out at a wedding in northern Iraq🥲
Early reports say it broke out after fireworks were lit.-BBC #IraqWeddingFire #Pray #RIP 🙏pic.twitter.com/FR7IjelZji— Sri Lanka Tweet 🇱🇰 (@SriLankaTweet) September 27, 2023
„По танцот на невестата и младоженецот бил запален огномет кој удрил во таванот и ја запалил салата“, изјавил за АП еден од повредените.
Тој истакна дека целата сала изгорела за неколку секунди.
Причина за смртта на огромен број сватови се изгореници и гушење поради недостиг на кислород.
Ирачкото Министерство за внатрешни работи, кое е задолжено за домашната безбедност, соопшти дека се уапсени девет работници во салата, а по четворица сопственици се издадени налози за апсење.
– Експертите за криминалистички докази и цивилната одбрана потврдија дека салата е изградена од многу запалив материјал Ecobond. Имаше и огномет што го предизвика инцидентот со пожарот, покрај недостигот на безбедносни услови, рече портпаролот на министерството Саад Маан.
Министерот за внатрешни работи Абдул Амир ал-Шамари денеска нареди да се формира комитет за да го истражи инцидентот за кој Министерството рече дека според прелиминарниот извештај „не е криминален“, туку поради отсуство на безбедносни мерки.
Во моментот на пожарот во салата имало околу 1.000 луѓе, тврдат очевидци на настанот.