(ВИДЕО) Хаос на Косово: Запален полициски автомобил, прекината настава

Напнатата ситуација во српските општини Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ на северот од Косово која се создаде откако специјалните сили на косовската полиција и новоизбраните градоначалници во општините што Србите не ги признаваат, ескалираше попладнево кога дојде до судир меѓу собраните српски граѓани и полицијата во Звечан.

Според дописникот на РТС, се слушнале и рафали, било запалено полициско возило, а биле фрлени и шок бомби.

Припадниците на косовската полиција фрлиле солзавец пред зградата на општината за да ги растера насобраните Срби, меѓу кои има и повредени, а некои медиуми јавуваат дека во Звечан одекнале и три детонации.

Подоцна, припадници на косовската полиција влегоа во зградата на општината, оставајќи зад себе на улицата огромно количество чад од солзавец и шок бомби. Оклопни возила и специјални полициски единици се сместени пред зградата на општината.

Откако се огласија сирените за тревога, голем број граѓани се собраа на плоштадот пред општината во Лепосавиќ, а по најавата за пристигнување на специјалци го блокираа сообраќајот на главната улица од двете страни на приодот кон зградата на општината.

Неофицијално, тие добиле информација дека кон Лепосавиќ се движи конвој од неколку оклопни полициски возила. Во меѓувреме во Лепосавиќ се појавиле оклопни возила, а граѓаните поставиле барикади на патот кон градот.

Во Митровица, каде што исто така се огласиле сирените за тревога, била прекината наставата на на факултетите и во училиштата, но не беа пријавени инциденти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e