Венеција погодена од плима од 1,5 метри

Големи делови на Венеција се под вода денеска поради  високата плима од 1,5 метри, ниво што поплави 70 проценти од историскиот центар на градот.

Највисокото ниво на поплавите е регистрирано утрово во 8:40, соопштија властите.

 

Венеција, град на светското наследство на УНЕСКО, се уште се опоравува од поплавата од близу 1,8-метарска плима на 12 ноември. Тоа беше највисоко ниво во изминатите 53 години и предизвика голема штета.

Висока плима се смета од 140 сантиметри и повисоко.

Венеција е многу повисоко од нултата референтна точка за поплави, а нејзините улици почнуваат да се поплавуваат само кога високите плими достигнуваат до ознаката од 100 сантиметри.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e