Велика Британија ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба

Велика Британија ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, популарни меѓу младите поради нивните овошни вкусови, но кои ги загрижуваат лекарите и здравствените власти, соопшти денеска владата во Лондон.

Забраната е дел од поширокиот план за борба против пушењето кој минатата есен го објави британскиот премиер Риши Сунак.

– Еден од најзагрижувачките трендови во моментов е порастот на употребата на електронски цигари кај младите и затоа треба да дејствуваме пред таа да стане ендемична, нагласи Сунак.

Според официјалните бројки, меѓу младите од 11 до 17 години, употребата на електронски цигари за еднократна употреба за две години е зголемена за девет пати.

Потрошувачката на овие производи за еднократна употреба е „клучен фактор за алармантно зголемување“ на бројот на млади кои користат електронски цигари, соопшти британската влада, укажувајќи на „непознатите“ долгорочни ефекти од вдишувањето на чадот.

Британската министерка за здравство Викторија Аткинс (Викторија) рече дека забраната ќе стапи во сила на почетокот на следната година.

Покрај забраната за е-цигари за еднократна употреба, британските власти ќе го намалат бројот на вкусови дозволени за класичните електронски цигари, ќе го направат нивното пакување помалку привлечно и ќе го регулираат начинот на кој овие производи се претставени во продавниците за да бидат помалку видливи за помладите потрошувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e