Вчера во цела Грција биле регистрирани 13.436 молњи

Во текот на вчерашниот ден, заклучно со 19 часот во цела Грција биле регистрирани 13.436 молњи, од кои 9.267 над морето, а останатите над копнениот дел на земјата, соопшти грчката Национална опсерваторија.

Молњите се изброени од системот за регистрација „Зевс“ на грчката Национална опсерваторија.

Паралелно со молњите, биле регистрирани и обилни врнежи од дожд, особено во североисточниот дел на земјата, на Кикладските Острови и островите од групата Додеканиси во југоисточниот дел на Егејско Море.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e