Уште една трагедија на Јадранот: Се удави 44 годишен маж

Маж (44) се удави вчера на плажата Марјанска во Сплит, откако му се слошило во водата. Влегол во морето и тогаш му се слошило, објавија хрватските медиуми. Неговите пријатели го извлекле на брегот и се обиделе да му помогнат, но безуспешно.

Полицијата нешто по 14 часот добила дојава за несреќата, брзата помош пристигнала на Марјанската плажа, но за жал не успеала да го спаси човекот кој со двајца пријатели запловил кон Лубинското пристаниште.

– Во 14 часот и 45 минути пристигнала брза помош која констатирала смрт на маж – изјави вчера за порталот Далмација Антонела Лолиќ, портпарол на ПУ на Сплит-Далмација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e