Унгарија ќе бара 50 000 работници странци

Унгарија би можела да го зголеми вработувањето на странци за да ја надмине состојбата со недостиг на работна сила, изјави министерот за економија на оваа земја, Mихали Варга. – објави 24 Вести.

Според него ќе бидат вработени само „одреден вид на странци“, односно, како што потенцирал во дадено интервју, доаѓаат во предвид „странци кои имаат слично културно и историско потекло со унгарското“. Државата со помалку од 10 милиони жители останала без 50.000 млади Унгарци, кои ја напуштиле земјата за подобро платена работа во Западна Европа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e