Убил жена која проси и ја оставил на улица (ВИДЕО)

Во јавноста излезе снимката од грозоморното убиство што неодамна се случи на улиците низ Рио, а кое го вознемири светот поради лежерноста со која беше извршено.

Сопственикот на бар, Адербал Рамос де Кастро со два куршума ја усмртил 31-годишната Зилда Енрике дос Сантос Леандро, бидејќи одела по него и му барала пари, поточно еден бразилски реал, што е помалку од 15 денари.

Таа била бездомничка која проси. Де Кастро во неа пукал од непосредна близина, директно во главата. Таа итно била пренесена во болница, каде подоцна починала.

Адвокатот на убиецот изјавил дека тој бил ограбен од просјаци и затоа го носел пиштолот, а реакцијата му била предизвикана од тогашниот страв.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e