Уапсен масовниот убиец кој изрешета осум луѓе во Младеновац

Уапсен е масовниот убиец кој синоќа по кавга со пријатели со автоматско оружје изрешета осум луѓе, повреди 13, меѓу нив и дете на 15-годишна возраст. РТС дознава од полициски извори дека 21-годишниот убиец е уапсен во близина на Крагуевац.

Напаѓачот пукал со автоматско оружје во група луѓе и убил осум од нив, додека најмалку 13 се ранети во село Дубоња кај Младеновац, 50 километри југоисточно од Белград, како што пренесуваат медиумите во Србија, повикувајќи се на извори од полицијата.

Осомничениот потоа побегнал од местото на злосторството, а полицијата води масовна потрага и веќе, како што се пренесува, открила каде се наоѓа. Голем број полициски сили го имаат опколено 21-годишниот напаѓач, операцијата е уште во тек, било наведено во соопштението.

Сведоци за медиумите во Србија изјавиле дека било пукано додека седеле на клупи во центарот на селото, а извршителот пукал на нив од автомобил. Според непотврдени информации, меѓу жртвите се и еден полицаец и неговата сестра. Засега не е познат мотивот на напаѓачот.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ го посетил местото на нападот синоќа и настанот го опишал како „терористички акт“, но не изнесол натамошни детали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e