Туристите и жителите на Венеција во чизми се пробиваат низ водата (ВИДЕО)

Туристите и жителите на Венеција во чизми се пробиваат низ водата која преплави поголем дел од градот. Водата ги поплави кафулињата и продавниците, а заради мерки на претпазливост затворени се градинките.

Во многу хотели се наоѓаат пластични чизми за еднократна употреба, за да им бидат при рака на туристите.

Агенцијата АП наведува дека во ормарите на граѓаните на Венеција често се наоѓаат чизми над колена.

Метеоролозите предвидуваат уште дожд, посебно на североистокот на земјата, каде се наоѓа Венеција, како и во Сицилија и другите јужни региони.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e