Трамп ќе се предаде во затвор во Џорџија до крајот на неделата?

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се предаде во затворот во округот Фултон во Џорџија до крајот на неделата, објави NBC, повикувајќи се на тројца неименувани официјални лица.

Тие изјавија дека предавањето нема да се случи пред четврток и дека плановите се финализираат, но дека се уште ништо не е официјално.

Окружниот обвинител Фани Вилис им даде рок на Трамп и неговите наводни соработници до следниот петок да се предадат.

Против поранешниот претседател е покренато обвинение за заговор во врска со наводниот обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, на кои Трамп загуби од Џо Бајден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e