Трагедија во градинка во Кина: Маж со нож уби две деца

Две деца се убиени, а 16 лица се повредени во напад со нож што го извршил маж во градинка во јужниот кинески град Беилиум, јави кинеската новинска агенција Синхуа.

Вкупно 14 од повредените не се сериозно ранети, а две лица чекаат операција.

Инцидентот се случил во градинка во регионот Гуангкси околу 14 часот, соопштија локалните власти.

Полицијата го уапси осомничениот за нападот, а истрагата е во тек. Други детали не се соопштени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e