Тивко и без никакви реакции – сменето името на Холандија во Netherland

Од 1 јануари 2020 година, името Холандија (Holland) официјално престанало да постои како ознака за државата, јавуваат РИА Новости и други медиуми.

Отсега институциите, локалните власти, универзитетите, приватните компании и медиумите треба да го користат името „Netherland“.

Властите веруваат дека оваа одлука ќе го прераспредели туристичкиот проток, бидејќи денес повеќето туристи ја посетуваат историски старата Холандија – Амстердам и Хаг – и овие градови не можат да се справат со огромниот прилив на посетители.

Реформата за промена на името на земјата ќе го чини кралството со околу 200.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e