Тинејџер упадна со чекан и нож во училиште во Атина, повредени ученик и директорот

Со чекан и нож, 19-годишно момче утрово упаднало во средно училиште во Атина и ги повредил директорот и еден ученик, кои се пренесени во болница, а сторителот е уапсен.

Како што пренесуваат грчките медиуми, момчето рано утрово влетало во училиштето и со чекан нападнал ученик, а веднаш потоа со нож го нападнал и директорот, а двајцата повредени не се во животна опасност.

Сторителот, со потекло од Грузија го нападнал ученикот со потекло од Нигерија, бидејќи бил во конфликт со неговиот брат. Двете деца се скарале и денес постариот брат решил да се одмазди. Влегол во училиштето и со чекан гонападнал ученикот од Нигерија, а потоа со нож го повредил директорот на училиштето кој се обидел да го спречи, сега веќе уапсениот, 19-годишник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e