Тело на Србин пронајдено распарчено во када во Виена

Виенската полиција во средата пронашла распарчено тело на маж во стан во Отакрин. Станува збор за државјанин на Србија, а австриските медиуми денеска објавија нови детали. Телото, како што пишуваат, било масакрирано. Во средата попладне полицијата вршеше истрага за шверц на дрога. Инспекторите од Државниот завод за криминалистичка полиција сакале да претресат сомнителен стан во областа Отакрин.

Распаднат машки труп бил пронајден во стар стан, кој бил осигуран со воочлива челична врата, покрај објект за одгледување марихуана. Според портпаролката на полицијата Барбара Гас, мажот кој бил убиен имал повреди „кои не се поврзани со природна причина“.

Како што дознава oe24 од доверливи полициски извори, меѓу другото било кажано дека на жртвата и биле отсечени прстите. Телото наводно било пронајдено во када во фаза на распаѓање, а рацете и нозете биле пронајдени во други простории.

Инспекторите велат дека тоа би можело да биде пресметка на мафии од Балканот. Криминалци од Србија и Црна Гора изнајмуваат куќи низ цела Австрија, особено во Виена, со цел да изградат лаборатории за одгледување канабис.

„Властите неодамна спроведоа операција против српско-босански нарко-ланец, каде беа пронајдени два такви погони за одгледување канабис во Гансерндорф и Баден. Еден стан во Виена служел како скривалиште за дрога“, пишува oe24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e