Тексас: Двајца загинати и еден повреден во оружен напад во црква

Две лица загинаа, а еден е повреден при оружен напад во црква во Вајт Сетлмент во американската сојузна држава Тексас, соопштија локалните здравствени власти.

Според претставник на итната медицинска помош, еден човек загинал на местото на инцидентот, а другиот на пат кон болница. Третата жртва е пренесена в болница во критична состојба.

Првичната информација е дека непознат напаѓач отворил оган во христијанска црква. Досега полицијата нема соопштено дали напаѓачот е уапсен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e