Татко од Хрватска 16 години ја силувал сопствената ќерка, „ќе лежи“ 40 години

Високиот кривичен суд на Хрватска ја одби жалбата на С.Р.(58) и ја потврди одлуката на Жупанискиот суд во Задар да го одбие барањето за обновување на кривичната постапка во која тој во 2017 година беше осуден на 40 години затвор за долгогодишно силување на сопствената малолетна ќерка и силување на сопругата.

Во доказната постапка било утврдено дека С.Р почнал да ја силува ќерката кога имала 12 години, што продолжил да го прави во следните 16 години, при што ја силувал дури 1.550 пати. Според медиумите, силуваното девојче имало дете со таткото насилник, а на 15-годишна возраст се обидела да се самоубие. Освен неа, С.Р ја малтретирал и сопругата и петте деца кои, како што беше речено при изрекувањето на пресудата, секојдневно ги трпеле неговите навреди и физичко малтретирање.

Покрај сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца, С.Р. бил осуден и за силување на сопругата, која во 1996 година се обидела да избга од насилникот со децата, но не успеала. Медиумите објавија дека малтретираната сопруга побарала помош од Центарот за социјални работи, од каде и рекле дека „не сакаат да имаат работа со тој лудак“.

Психијатриското вештачење покажало дека С.Р е мерливо лице со растројство на личноста, а освен издржување затворска казна, одредена му е и безбедносна мерка психосоцијално лекување. Утврдено е и дека при извршувањето на сите кривични дела не се покајал и дека не ги почитувал општествените норми и не прифаќа одговорност за своите постапки.

Психијатриското вештачење покажало дека С.Р е мерливо лице со растројство на личноста, а освен издржување затворска казна, одредена му е и безбедносна мерка психосоцијално лекување.

Утврдено е и дека при извршувањето на сите кривични дела не се покајал и дека не ги почитувал општествените норми и не прифаќа одговорност за своите постапки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e