Српски мајор се самоуби во касарна во Белград

Мајорот И.Н. на должност во Министерството за одбрана кој бил на командно-штабна обука, вчера околу 16 часот и 45 минути бил пронајден обесен во просториите на касарната „Генерал Јован Мишковиќ“ во Белград, соопшти полицијата.

И покрај исклучително брзата реакција на екипата за итна помош, обидот за реанимација беше неуспешен.

Надлежните органи веднаш излегле на местото на настанот за да извршат увид.

Мајорот И.Н. е роден 1977 година во Шибеник, а во војската на Србија служи од 2000 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e