Српската полиција со детали за синоќешното пукање во Белград каде е застрелан Македонец

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград во брза и ефикасна акција го уапсија Н.Ѓ. (20) поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела тешко убиство во обид и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Се сомничи дека синоќа на улицата Максим Горки со истрели од огнено оружје на дваесет и шестгодишен белграѓанец и дваесет и едногодишен државјанин на Македонија им нанел тешки телесни повреди, а потоа побегнал, велат од српското МВР.

Македонскиот државјанин Д.Л. (21) кој синоќа беше ранет во улична престрелка во Белград е во Ургентниот центар на хируршки третман, информираат српските медиуми од кои дел неофицијално пишуваат дека бил случајно ранет, иако деталите за нападот се’ уште официјално не се потврдени.

Според информациите, најпрвин бил ранет А.П. (26), а потоа со два куршуми во грбот бил ранет македонскиот државјанин.

Полицијата набрзо го идентификувала и го пронашла напаѓачот.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител.

Недалеку од таму, во улицата Новопазарска е пронајден уште еден маж со повреда во грбот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e