Соседните земји, ЕУ и САД понудија помош по земјотрестот во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека соседните земји, Европска Унија и САД и понудиле помош на Албанија по силниот земјотрес при што загинаа девет лица.

Тој додаде дека телефонски разговарал со италијанскиот, грчкиот и турскиот премиер, како и со претставници на Амбасадата на ЕУ и на САД во Тирана.

Рама посочи дека косовскиот претседател Хашим Тачи му кажал дека косовска екипа за вонредни ситуации се упати кон Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e