Социјалистите победија во Шпанија, но немаат мнозинство

Мал пад на социјалистите и на екстремната левица „Поддемос“ и подем на конзервативците и екстремната десница со резултати, што укажуваат на неможност за формирање стабилна коалициска влада во Шпанија.

Социјалистите победија по втор пат за шест месеци – но ќе имаат максимум 119 пратеници во парламентот со 350 места. „Подемос“ ќе има максимум 34.

Левичарскиот блок, кој така и не можеше да се разбере за коалиција по гласањето во април, има вкупно најмалку 12 пратеници.

Народната партија ги зголемува своите претставници – од 66 на 90, а екстремно десничарската партија „Вокс“ станува трета сила – со најмалку 56 пратеници, од 24 досега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e