Снежна бура во Германија: стотици летови откажани, патиштата блокирани

Стотици патници останаа заглавени во своите возила на патиштата во централната германска покраина Хесен кога снежните врнежи го покриjа автопатот предизвикувајќи сообраќаен метеж и колони возила што се протегаа со километри.

Полицијата не можела да процени колкав е хаосот предизвикан од снегот и до кога ќе бидат блокирани автопатиштата, пренесува „Билд“.

Во сојузната држава Тирингија, покрај снегот, на коловозот имаше и мраз поради што голем број автопревозници ги одложија патувањата.

Германската метеоролошка служба (ДВД) очекува повеќе снег и предупредува дека возачите од регионите Ајфел и Келн над планините Ротар до Тирингија мора да се подготват за „постојани, а понекогаш и обилни снежни врнежи“.

Стотици летови во Германија беа откажани вчера поради екстремните временски услови, кои ја придружуваат снежната бура Гертруда, а на патниците им се препорачува да го проверат статусот на летот пред да се упатат кон аеродромот.

Во Франција, особено во северните области, останува во сила портокаловата метеоролошка тревога, а властите апелираат до возачите да не излегуваат на пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e