Словенија во „портокалова“ фаза поради силен дожд и ветер

Дел од словенечкото крајбрежје утринава се поплави поради силните дождови и ветер кои од синоќа ја зафатија речиси целата држава. Во Пиран се огласија и сирените за опасност, откако големите бранови поплавија дел од градот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Словенечките власти во половина држава прогласија „портокалова“ фаза, поради опасноста од излевање на реките и силниот ветер кој е проследен со обилни врнежи. Источниот дел од земјата е во „жолта“ предупредувачка фаза.

Според инфомрациите на метеоролозите, ваквото време ќе потрае до крајот на денот, вечерта ќе се стабилизира, но од недела се најавени нови обилни врнежи.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e